Во Албанија се ловат тони риба од Охридското езеро, во Македонија 100 кг?!

Охридското езеро да не се издава под концесија, се додека не се спроведат детални истражувања- факт е дека во Албанија се ловат големи количини пастрмка,а кај нас ја сотреа и пастрмата и белвицата,но без да се направи проценка не може да се каже реално во каква состојба е рибниот фонд,велат придонаучниците.
- Она за кое што ние се залагаме е пред се’ интегрирано управување на езерото каде што двете држави со своите технички експерти ќе седнат ќе напрат проценка на рибниот фонд,ама реална проценка која што не е направена одамна.Од кога не е направена? Зависи од тоа колку науката е присутна на езерото,колку има сретства да ја следи состојбата.За жал последниве 2 децении ние имаме само инциденти сознанија, а не преманентни – рече Зоран Спиркоски-Хидробиолошки Завод.
Сознанијата со кои што располагаат се резултат на истражувања спроведени преку проекти финасирани од странски донатори,покажуваат дека е загрижувачка состојбата со ендемичните видови риба.Но и покрај тоа, државата не покажува интерес за рибниот фонд на Охридското езеро.Единствено лани преку министерството за земјоделство се издвоиле пари за таа намена, но ниту сретствата биле доволни, ниту периодот бил поволен за да се стекнат вистински сознанија.
Згора на тоа,поради технички недостатоци, втора година по ред не се врши нити вештачко порибување на езерото,а поради утврдени нерегуларности, на почетокот од годинава Владата го раскина договорот за концесија со струшката фирма “Летница Белвица”.Езерото скоро цела година е без стопан и без контрола.
- Сега во моментов кога нема концесионер не смее да има никаков риболов и не смее риба да се појавува на ни еден пазар, ниту на црниот ниту на белиот.За жал и по рестораните ја имаме, знаеме дека и на луѓето им се нудат мали примероци на пастрмка наместо на белвица.За жал се уништува драстично, познато ми е дека на одредени места и нарочно се лови мала пастрмка – рече Зоран Спиркоски-Хидробиолошки Завод.
Ниту концесионирањето ниту забарана заизловување која своевремно ја воведе Македонија,не покажаа резултати вели Спиркоски.Конците ги испуштија од раце двете соседни држави кои го делат Охридско.За илустација, од евидентираните ловини,Македонија пријавува помалку од 100 кг пастрмка на годишно ниво,а Албанија-од 50 до 70 тони риба.Ова покажува дека доколку не се промени целосно од корен законската регулатива,никогаш не ќе успееме да го заштитиме рибниот фонд на Охридското езеро-вели Спиркоски.
Росица Голабоска