Внатрешната ревизија во општина Тетово стопира бројни проекти

Внатрешната ревизија  во општина Тетово стопира бројни проекти -времено е укинат јавниот превоз, реконструкцијата на неколку улици е прекината,но и бројни други проекти се и натаму стопирани.Градоначалникот Биљал Касами со стапувањето на функција стави се на пауза.Но, иако помина време откако објави за милионскиот долг на општината и за ревизијата која требала да разјасни многу сомнителни активности на предходната власт, сеуште нема никакви нови информации.Веќе неколку денови  тетовци и јавно можат да го следат долгот на општината, објавен на билборд во центарот.Добро е велат,да знаат,но сакаат и да видат промени ,работа и решение за проблемите.

Со над 24 милиони долг,проблем со преку 300 хонорарци кои биле вработени во општина, а седеле дома,претпријатија кои работат со загуби и во долгови,Тетово веројатно уште долго нема да го реши хаосот и проблемите наталожени поради досегашното несериозното раководење со општината. Градот и натаму нема решение за главните проблеми за граѓаните-сметот, водата за пиење, загадениот воздух.

Новиот градоначалник го прифати предизвикот да раководи со најзадолжената општина која има и куп други проблеми за решавање.Има ли план или било каква стратегија од каде и како ќе почне да ги доведува работите во ред,од општината не добивме одговор.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста