ВМРО-ДПМНЕ: Заев за месец и половина на секое семејство му зема околу 1000 денари, само заради покачената цена на горивата

„Власта не запира со крадење од народот. Покачувањето на цената на горивата денеска е директна последица на покачената акциза и желбата на Заев да го полни буџетот со пари од сиромашните. Во последните месец и половина, од 1 мај до денеска заклучно со денешното покачување, цената на дизелот е зголемена за 8 денари, додека цената на бензините за 10.5 денари, доколку на ова се додаде и покачувањето заради покачената акциза доаѓаме до покачување од  11 денари за дизелот и 13.5 денари за бензините.“ – велат од ДПМНЕ.

Оттаму обвинуваат дека Заев за месец и половина на секое просечно македонско семејство, му зема околу 1000 денари, само заради покачената цена на горивата.

Зоран Заев и СДСМ го ограбија народот. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.“- велат  во соопштението

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста