ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема пари за здравството, ама има пари за златни лажици, затоа Македонија е 5-та по смртност во светот и последна во Европа која ќе спроведе вакцинација

Дури аболицираниот за криминал, Зоран Заев јаде со златни лажици, Македонија е 5-та земја во светот по смртност од епидемијата со корона вирус. Очигледно дека око не му трепнува тоа што над 85 илјади луѓе се заразија, а над 2.600 починаа. Алчноста по злато и лично богатење го преокупираше Заев и затоа Македонија е последната земја во регионот и Европа која ќе почне со вакцинација на своето население. Наместо да обезбеди вакцини, тој се фокусираше на матните тендери, лиценците за марихуана и личното богатење на своето семејство, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа сега додека лажниот социјалдемократ Заев бесрамно се фали со луксузот и богатството кое го стекнал на криминален начин, народот во Македонија се бори за својот гол живот. Златниот прибор на Заеви покажува каде завршувале парите во оваа земја. Затоа немаше пари за тестови за корона вирус, затоа здравството е на колена, затоа нема заштитни средства и медицински материјали, велат од партијата.

– Парите во Македонија завршуваа кај кланот, наместо за граѓаните. Лицемерно е Заев да ветува квантен економски скок во 2021 година јадејќи со златниот прибор, освен ако не мисли на тоа следната нова година да ја честита јадејќи и од златни чинии, тврдат ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста