ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа

Случајот Рекет најдобро го покажува криминалното владеење на Зоран Заев и СДСМ. Не само што се рекетирале милиони евра, туку истата операција била директно штитена од страна на власта. Торбите Луј Витон јавноста ги виде како се изнесуваат, а постои и сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, велат од ДПМНЕ.

Ова била сериозна операција во која безмалку целата власт била замешана. Постојат сведоштва дека Кирацовски и Царовска им помагале на извршителите на рекетот во текот на целиот криминал. Тие не биле сами во ова, туку поддршка давале и градоначалници, пратеници и други високи функционери на СДСМ. Целиот процес на рекетирање во Македонија не бил можен без знаење на врвот на власта, потенцираат од опозициската партија.

Додека милионите завршувале кај луѓето блиски на Заев и СДСМ, Македонија тонеше од ден во ден. Народот осиромашуваше, а Заев создаде криминален октопод каков што никој во регионот и пошироко не видел.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста