ВМРО-ДПМНЕ: За ќефот на Заев имаше хеликоптер, за овчарот кој почина не! Тоа е животот во Македонија!

За ќефот на Заев имаше хеликоптер, за овчарот кој почина не! Тоа е животот во Македонија! По една седмица во кома, денеска почина 63 годишниот овчар, кој откако преживеал мозочен удар наместо да добие адекватна лекарска помош, тој бил носен со часови од лекарот на итна помош низ планински терен, затоа што немало возило кое ќе го превезе, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Животот на овчарот од Кратово можеби ќе беше спасен доколку навреме беше транспортиран во болница. Хеликоптерот со кој леташе Заев можеше да се употреби и за спас на овој човечки живот, но наместо за спас на човечки животи хеликоптерите на државата се користат за ќефот на Заев и врвот на власта, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека и овој како илјадници животи кои се загубија во оваа пандемија, е загубен пред се заради лошата организираност на власта и нивната неспособност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста