ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не важен животот на граѓаните, влегува во операциска сала без опрема

Поради неспособноста на Венко Филипче Македонија секој ден има огромен број на новозаболени лица од КОВИД-19, над 3.400 граѓани починаа десега, пациенти заминуваат од ординации со недостиг на органи, а вакцини нема ни за лек, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

На скандалите на Венко Филипче никако да им дојде крајот.

Поради неспособноста на Венко Филипче Македонија секој ден има огромен број на новозаболени лица од КОВИД-19, над 3.400 граѓани починаа десега, пациенти заминуваат од ординации со недостиг на органи, а вакцини нема ни за лек.

Неспособноста на Филипче да набави вакцини резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица. Според податоците на „Блумберг“, Македонија е на 118 место од 122 држави.

Македонија е на дното!

Но ова како да не е доволно, излезе уште еден скандал во низата, каде што министерот за здравство и доктор по вокација го има по видеа каде се наоѓа во операциска сала, без притоа никаква заштита на него, без никаква лична заштитна опрема прекршувајќи ги сите основни протоколи.

Според видеата безбедноста на пациентот не е еден од најважните приоритети на Филипче, ги прекрши основните медицински постапки и протоколи.

„Primum non nocare“ – Да не се наштети. Треба да биде првата мисла на целиот медицински персонал. Зарем Филипче ова правило го прекрши?

Потребна оставка веднаш од Венко Филипче. Секој ден изминат додека Венко Филипче е министер чини човечки животи!, стои во соопштението.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста