ВМРО-ДПМНЕ: Во прес центарот на СДСМ некој бие шега со СДСМ или на смена е Лидија Димова, тие го утнаа името на емисијата каде гостуваше Мицкоски

СДСМ вечерва во паника и страв од Мицкоски, кој им станува опсесија ја згрешија и емисијата, Мицкоски гостуваше со емисијата Само интервју, а не Само вистина, како што СДСМ напиша во соопштението, кое во паника го испратија вечерва, имајќи во предвид за каква партија и криминална состојба станува збор добро е што не ја утнаа и телевизијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се збунети затоа што знаат дека за сите криминали, мафијашки дилови и коруптивни шеми одговорност ќе има.
Заев знае дека со Мицкоски не може да се испазари за аболиција за криминалот, затоа и се вклучени сите аларми во СДСМ, па во паника не знаат ни која емисија ја гледале.

И додека СДСМ талка во просторот Македонија секој ден губи. 2000 заболени од Ковид 19 за една недела, преполни болници, лекари и медицински персонал кои власта ги демотивира, отпуштени луѓе од работа изрекетирани фирми.

Државата не е фризерницата на Лидија Димова, ниту магарето за кое платила директорката на Заев да биде тренирано. Изживувањето со народот мора да запре, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста