ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее медиумски мрак

Во Македонија владее медиумски мрак, Заев и власта се закануваат и шиканираат новинари потврди и „Репортери без граници“, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не е возможно да се објави вест или истражи скандал, а без потоа новинарот односно медиумот да не биде мета на напад на голем број на партиски ботови на социјалните мрежи, со закани и за неговиот живот и животот на неговото семејство. Постои сомнеж дека истите се платени и со државни пари, односно одат на работа во владата. Власта оди до таму што поткренува и судски случаи против новинари и ги малтретира по судови, такви се случаите со уредниците на Инфомакс и Лидер, кои завршија во ЈО затоа што се охрабриле да истражуваат криминал на власта. Но заканите, притисоците и насилието на власта не останува незабележано од меѓународниот фактор и меѓународните организации. Извештајот на „Репортери без граници“ во кој констатираат пад на медиумската слобода е доказ дека насилието се следи и нема да помине, велат од партијата.

Од таму додаваат дека медиумите кои се на мета на оваа власта, треба да продолжат непристрасно и професионално да си ја вршат својата професија, зошто само така овој хибриден режим ќе падне, а слободата повторно ќе биде право, а не привилегија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста