ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ на чело со аболицираниот Заев по кој знае кој пат застана на страната на криминалот

Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери блиски до Заев. Се додека разни „Кики, Фрики и специјални обвинителки” се недопирливи за истрагата и заштитени од Заев, Македонија ќе тоне во криминал, корупција и рекет. Се додека законите не важат за  градоначалници што киднапираат и малтретираат или генерални секретари што договараат тендери, Македонија нема да добие датум за преговори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на СДСМ на чело со аболицираниот Заев по кој знае кој пат застана на страната на криминалот. Криминалната банда продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните по политичко-медиумско-криминалниот октопод. Целта е спас на политичката кариера на еден човек, Зоран Заев. Зоран Заев е главата на новиот криминален октопод. Токму поради оваа причина се штитат останатите поранешни и актуелни високи функционери на власта и СДСМ.  Кои се Кики и Фрики, одговор на ова прашање мора да има, мора да се дознае кои високи државни и партиски функционери биле вмешани во овој нов мега скандал, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат одговор: „Каква е инволвираноста на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и поради која причината и беше одземен телефонот“?

-Рускоска обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта, овој случај мора да се расчисти до крај. Мора да се стигне до главата на октоподот на чие чело е единствениот политичар во Европа кој е три пати амнестиран за криминал. Се додека овој случај не се расчисти, и оваа криминалната банда не си замине од власт, Македонија нема Европска иднина. Правната држава е далеку од реалност, а датумот за преговори со Европската Унија само уште едно лажно ветување на Зоран Заев, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.