ВМРО-ДПМНЕ со своја верзија за Законот за јавно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви своја верзија на Законот за јавно обвинителство, а потоа овој предлог ќе биде дискутиран на ниво на работни групи. И покрај овие разговори Заев е оптимист дека е на добар пат во законоодавниот дом да обезбеди поддршка од две третини од пратениците. Вчера рече дека ако не се договори со ВМРО-ДПМНЕ опција му е независната пратеничка група. И тој сака европски закон како аргумент плус пред Брисел.

“Добро се движат работите за обезбедување двотретинско мнозинство за законото за јавно обвинителство. Треба да направиме структурен и суштински европски закон за јавно обвинителство. Ред е големите политички партии да најдат решение за вака сериозно прашање посебно кога СЈО е веќе завршена работа, односно предметите се обезбедени и ќе се имплементираат во судот.. Треба сериозно да се помине низ материјата на законот и да има доунапредување во форма на квалитетен материјал за на крајот да може да се обезбеди двотретинско мнозинство”, изјави Заев.

Денеска Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и советникот на Заев, Маричиќ ги пеглаа разликите околу законот за јавно обвинителство. Високи извори во ВМРО-ДПМНЕ за Алфа велат дека камен на сопнување продолжува да биде неизбалансираното законско решение со кое не се гарантира независно јавно обвинителство кое не е подложно на политички злоупотреби.

Работата на обвинителите од СЈО во рамки на обвинителството на Рускоска и начинот на избор на нов јавен обвинител беа меѓу главните забелешки на опозицијата.

Вицепремиерот Бујар Османи ги повика политичките партии да изнајдат компромис. Законот според него не е услов од Европската Комисија, но големо внимание на него посветуваат Холандија и Франција.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста