ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Заев Македонија е далеку од реформи, европски стандарди и владеење на правото

Со Зоран Заев на чело на Владата, Македонија е далеку од посакуваните реформи, европските стандарди, владеењето на правото и правната држава. СДСМ и Заев се синоними за корупција, криминал, неправда и политички реваншизам, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Извештајот на ЕК е уште една потврда за лошите политики на СДСМ, корупцијата е распространета во секоја пора во општеството. Извештајот на ЕК нагласува дека Македонија има слаб напредок во реформите на јавна администрација, како и судскиот систем кој има одредено ниво на подготовка, односно е умерено подготвен. Македонија со СДСМ наместо напредок единствено доби уназадување. Извештајот на ЕК е доказ за неспособноста на власта на СДСМ, нефункционалноста на институциите, недостаток на реформи и нетранспарентност. Нетранспарентноста на власта е нотирана и од невладиниот сектор како и Хелсиншкиот комитет особено во делот на трите пакет економски мерки на Власта, велат од партијата.

Порачуваат дека доказ за распространетоста на корупцијата на власта е и Транспаренси Интернешнл кој што нотира дека Владата нема механизми за заштита од крадење на парите кои стигнуваат од ММФ за справување со корона кризата.

-Во извештајот на Европската комисија констатирани се многу злоупотреби на скратени постапки и злоупотреба на носење на закони со европско знаменце. Мнозинството предводено од Зоран Заев го злоупотреби европското знаменце и брзите постапки во десетици наврати за носење закони за фабрики за марихуана, како и за правосудството. Во Извештајот на Европската комисија дополнително се нотира дека е слаб напредокот за подобрување на квалитетот на воздухот притоа чистиот воздух беше едно од главните ветувања на СДСМ во предизборната кампања, но не се превземени никакви конкретни мерки во овој правец. Власта на СДСМ потфрли во спроведувањето на реформи кои што треба обезбедуваат силен, ефикасен и независен правосуден систем. Со СДСМ и Зоран Заев на чело на Владата, Македонија е далеку од европските стандарди и владеење на правото. Со Зоран Заев и СДСМ, Македонија не може да воспостави реформи и механизми за обезбедување независно и одговорно судство во државата, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста