ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на 1000 евра денес

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на 1000 евра денес

Со СДС и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема, односно од 500 евра колку што изнесуваше во 2017-та година, денес таа стигна до скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата велат дека за 7 години животот на граѓаните е двојно поскап.

 „Заради лошото владеење на СДС и ДУИ за тоа што во 2017 година требало да се одвојат 500 денари, сега за да се купи треба да се одвојат 1.000 денари. За 7 години животот на народот стана неподносливо тежок и за сиот овој период, раст на БДП по глава на жител е само 20%, додека во регионот е повеќе од 50 проценти.

Кој може да си дозволи да наполни една потрошувачка кошничка? 600.000 луѓе кои живеат со 150 денари на ден сигурно не, но милионерите како каевски, ковачевски, зечевиќ сигурно да„, се наведува во партиското соопштение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста