ВМРО-ДПМНЕ со предност од четири проценти пред СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ води со 4% пред СДСМ покажува анкетата на институтот „Habeas Corpus“. На прашањето за која политичка партија би гласале на изборите на 15 јули, 20,8 проценти одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 16,8 проценти за СДСМ и Беса.
Опозицијата според резултатите од истражувањето има предност во пет од шест изборни единици. Игор Дурловски во петката има најголема предност пред Шекеринска од 6,1 отсто. Предноста на Сиљановска, Мисајловски, Јанушев, Николоски во однос на Димитров, Спасовски, Николовски, Заев е од 1,7 до 3,4 отсто.
Единствено Билал Касами има предност пред Дафина Стојановска од 2,7 проценти.
Моижноста за грешка на анкетата е +-2 проценти. Нарачател е Habeas Corpus,а истражувањето е спроведено врз 1.203 испитаници од 29 јуни до 3 јули.
Од друга страна четири дена по објавата на анкетата на Брима Галуп во која СДСМ и Заев се во водство пред ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, се дозна дека нарачател се социјалдемократите. Тие денеска се пофалија со истражувањето претходно објавено во некои медиуми. Од агенцијата првично ја потврдија анкетата, но не го соопштија нарачателот. Според податоците од ова истражување 18,7 проценти од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, а поддршка од 15,1 процент би добила ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ би гласале 8,2 отсто од испитаниците, а Алијанса за албанците би освоила 4,9 проценти од гласовите.
9,4 проценти од анкетираните најголема доверба имаат во Заев, а 4,2 отсто во Мицкоски.
Градимир Марковски