ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот „Мафија“ е само доказ плус дека Заев е заштитник на мафијата, а дека за Спасовски не важат законите

Зоран Заев од една страна зборува за европска агенда, од друга на дело покажува се само не постапки според европски вредности. Неговата агенда е секаква, само не е европска,

Зошто? Затоа што Заев ја штити мафијата, а го угнетува и пљaчка народот.
Скандалот „Мафија“ и третманот од страна на надлежните на истиот покажува дека во Македонија правда нема.

Оваа власт предводена од Заев и СДСМ не знае што се европски вредности.
Граѓаните гледаат дека правда според СДСМ е заштита на криминалци, мафијаши и оти за лица блиски до власта не важи законот.

Правда за Заев е кога одговараат службеници со смешни казни, а за вистинските виновници како Оливер Спасовски не важи законот.

Овој случај, како и сите кримнали на СДСМ ќе имаат разрешница според сите меѓународни норми!

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста