ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ оди со стари и истрошени кадри вечни функционери, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови и реализирани луѓе во своите професии

СДСМ оди со стари и истрошени кадри вечни функционери, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови и реализирани луѓе во своите професии, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нема што ново да понуди за Прилеп, Велес, Јегуновце, Брвеница, Свети Николе, Карпош, Аеродром и буквално низ сите општини.

Кандидатите кои што вчера ги промовираа се стари и истрошени кадри кои или биле веќе градоначалници или смениле по неколку функции.

СДСМ оди со стари и истрошени кадри затоа што никој не им се нафаќа да губи.

СДСМ не можеше да најде нови луѓе, затоа што никој веќе не сака да биде заштитник на мафијата.

Наспроти старите и истрошени кадри на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови кадри, докажани во своите професии.

ВМРО-ДПМНЕ нуди развој, просперитет и работа. Време е за Македонија за сите луѓе, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста