ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е нервозна поради окрупнувањето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е нервозна поради окрупнувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Не очекувавме дека СДСМ ќе го поздрави чекорот на соединување на ИНТЕГРА со ВМРО-ДПМНЕ затоа од ден на ден се поголем станува блокот кој жестоко ќе го порази Зоран Заев и неговата мафија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

,,Зоран Заев гледа дека се повеќе луѓе гледаат дека тој е проблемот на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ решението. ИНТЕГРА и сите други општествени чинители кои се приклонуваат кон ВМРО- ДПМНЕ во борбата против СДСМ го препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како единствена политичка сила која што ќе се спротистави на деструктивните политики на СДСМ.
Криминалот, мафијата и владата во Македонија се едно исто и мора да паднат.”

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста