ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без став за меморандумот на Бугарија, свитканата кичма на Заев со ново фијаско

СДСМ нема став за меморандумот на Бугарија кој е навредувачки за нашата држава и македонскиот народ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Политиката на свиткана кичма единствено што донесе се нови порази наместо ЕУ интеграција. СДСМ молчи, а МНР не реагира на ваквите меморандуми, додека мафијата на Заев продолжува да ја толчи и гмечи државата.  Меѓудругото спроведува мерки кои значат апартхејд СДСМ – ДУИ наместо да работат за европска иднина и подобри услови за живот на народот спроведуваат политика на поделби и сегрегација. Додека ја поскапуваат струјата за да испумпуваат милиони преку тендери, додека банки пропаѓаат и илјадници остануваат без своите примања, власта наместо на решение на нивните проблеми одговара со поделби во општеството преку субвенционирање на вработувања по етнички клуч, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека субвенционирање на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат. Наместо политика на апартхејд, нека почнат да водат европски политики.

-Сите плаќаат поскапа струја, сите се жртва на корупцијата и криминалот, сите се подеднакво небезбедни, сите ги делат истите маки. И власта наместо со политики на поделби треба да почне со политики на сплотување, европски политики на заедништво, стои во нивното партиско соопштение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста