ВМРО-ДПМНЕ: Рецепт за пропаст, Заев и Бучковски носат смрт за државата и нацијата, Филипче и Ангелов смрт за пациентите од корона
Дури Заев и Бучковски носат смрт на Македонија, Филипче и Ангелов поради неспособноста се одговорни за катастрофалната смртност од корона вирусот. Ова за жал е рецепт за пропаст, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дури премиерот во заминување Зоран Заев и екипата ја убедуваат јавноста дека епидемијата дека е под контрола, починаа 33 лица за само едно деноноќие, а околу 35% од тестираните се заболени. Дури власта убедува дека се е под контрола бројот на заболени достигнува до 64.000 лица, а бројот на починати дојде до 1825 лица. Со оваа бројка Македонија е на врвот земји во светот по смртност на милион жители. Власта одлепена од реалноста, наместо да носи конкретни мерки за заштита на здравјето и животите на граѓаните ги одбива и оние мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлага. Го одбија амандманот за обезбедување средства за набавки на амбулантни возила, го одбија амандманот со кој се бараа средства за бесплатни КОВИД текстови за граѓаните, стои во соопштението на патијата.
Оттаму велат дека на власта и е важно само да обезбеди привилегии на функционерите среде епидемија на сметка на граѓаните.
-За функционерите има бесплатни и експресни тестови, бесплатно лекување, а народот е оставен сам на себе. Затоа народот бара оставка од Заев. Неговата неодговорна власт чини здравје и животи на граѓаните, посочуваат од партијата