ВМРО-ДПМНЕ протестира против срамното однесување на Зоран Заев и бруталната пресметка со новинарите, станавме земја во која новинарите се тепаат и врз кои се покренуваат нарачани обвиненија

ВМРО-ДПМНЕ реагира и остро го осудува бруталното и недемократско постапување на Зоран Заев кон новинарите и медиумите, редејќи етикети, навредувајќи ги, пресметувајќи се. Ваквото однесување на Зоран Заев преставува примитивизам кој станува одлика на хибридниот режим во кој тој ја втурна државата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Станавме земја во која Зоран Заев определува кој биле објективни медиуми во земјава, а кој не, држава во која физички се тепаат новинари и се покренуваат нарачани обвиненија само затоа што си ја вршат работата. Заев човекот кој како во политиката така и во делот на медиумите нарачува обвиненија и се пресметува со неистомислениците. Зоран Заев треба да се извини кон медиумите и целата јавност поради недоличниот, дрзок и селективен однос кон медиумите, Зоран Заев е лидер на партија која води влада која селективно кани новинари и медиуми да проследуваат владини прес конференции и настани, влада во која новинарите се принудуваат однапред да ги кажат прашањата за кои се интересираат и кои се етикетираат и делат на подобни и неподобни, велат од ДПМНЕ.

Зоран Заев е политичар кој одбива дебати, одбегнува критички медиуми и интервјуа и човек кој гази по новинарската професија. ВМРО-ДПМНЕ протестира против срамното однесување на Зоран Заев и бруталната пресметка со новинарите кои се критички настроени кон неговата работа.

Слободата на медиумите е фундаментот на демократијата, и тоа нема цена. Зоран Заев е опасност за таа слобода, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста