ВМРО-ДПМНЕ промовираше нови проекти: Мицкоски вети енергетска обнова на Македонија

Целосна гасификација на Македонија, обнова во енергетиката, силна поддршка за екологијата, нови вработувања и инвестиции –  ова се само дел од капиталните проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски најави енергетска обнова на Македонија, вети – обезбедување на природен гас за секое домаќинство со бесплатен приклучок , субвенциии – за секое  семејство да добие нова фасада на својот дом, и набавка на сончеви колектори. Ветерен парк Миравци, но и целосна модернизација на РЕК Битола.

Се обврзуваме за обнова која што подразбира нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останатите места се разбира. За целиот регион тоа ќе донесе нова додадена вредност средства од 20-тина милиони евра годишно. И враќање на животот во овој крај.– изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како дел од обновата за Македонија, лидерот на ВМРО ДПМНЕ се обрза и за обезбедување мерки, кои според него би значеле повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина.

“Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи итн. Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата.” – рече Мицкоски.

Еден од клучните приоритети на ВМРО ДПМНЕ е и борбата за чист воздух. Мицкоски вети – инвестиција во зелени и еко проекти.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе повеќе здравје, односно до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат од сега. Тоа подразбира намалување на загадувањето до минус 50-тина проценти. Ќе исполниме стратегија која ќе значи реализација на целосна гасификација на државата.Истовремено ќе инвестираме во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата.” – изјави лидерот на опозицијата.

Меѓу другото, Мицкоски најави дека ќе основа министерство за енергетика и минерални суровини, кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата. И се обврза за издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Овој проект предвидува министерството за финансии да издаде обврзници кои ќе бидат долгорочни хартии од вредност. Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, овие проекти ќе значат повеќе здравје, повеќе напредок, и поквалитетен живот кој ќе имаат корист сите граѓани на Македонија.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста