Вмро-Дпмне побара разрешување на Јанева на пленарна седница, пратениците од власта го одбија предлогот

СДСМ и ДУИ ја одбија точката за разрешување со притворената специјална обвинителка Катица Јанева. Таа денеска на барање на опозицијата требаше да се најде на дневен ред пред пратениците во Собранието.

Со 58 гласа беше одбиено барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу тие што гласаа да не се менува Катица Јанева денеска се и пратениците Александар Кирацовски и Фросина Ременски која е потпретседателка на Собранието.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, образложи дека нивното барање се случува една недела од заклучокот на Комисијата за избори и именувања каде едногласно беше прифатено барањето на Советот на јавни обвинители да ја разреши Јанева поради непрофесионално, незаконско и неодговорно работење.

Опозициајта предупредува дека на 15 септември истекува мандатот на Јанева, а до тогаш не е предвидена друга пленарна седница.

Од власта пак ја обвинуваат опозицијата дека се обидува да манипулира со јавноста, бидејќи наводно веќе имале неформален договор разрешувањето на шефицата на СЈО да биде на одвоена седница. Пратеникот и портпароло на СДСМ Костадин Костадинов вели дека ВМРО-ДПМНЕ застанува на страната на криминалот.

За разрешувањето на Катица Јанева потребно е мнозинство од 80 пратеници.

Мери Ѓорѓиевска