ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски убедуваше во 2019 дека Македонија нема отворени прашања со соседите, а лаже

ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски убедуваше во 2019 дека Македонија нема отворени прашања со соседите, а лаже

Стево Пендаровски е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите, потсетува ВМРО ДПМНЕ преку соопштение од изутрината.

Од партијата велат дека „тој отиде дури и понатака па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ“.

-Нити едното, нити другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа. Реалноста за жал е поразителна за Македонија – велат од ВМРО ДПМНЕ.
– Денес Пендаровски пак без срам ќе зборува за решавање на отворени прашања, ќе агитира за нова измена на Устав и ќе убедува дека тоа  ќе биде последното понижување (по кој знае кој пат). Овој пат граѓаните нема да му веруваат, туку него ќе го „решат“ и ќе му ја покажат излезната врата од македонската политичка сцена. Пендаровски го изгуби својот кредибилитет и интегритет. Време е за промени, порачуваат од партијата предводена од Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста