ВМРО-ДПМНЕ: Парите од четвртиот пакет на мерки завршуваат во џебот на Зоран Заев и мафијата на власт

СДСМ без никаков срам и понатаму продолжува да се фали со четвртиот пакет на мерки, но граѓаните многу добро знаат дека парите ќе завршат директно во џебот на Зоран Заев и мафијата власт. Овој пакет на мерки само повеќе ги продлабочува проблемите во економијата трошејќи пари кои се на народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Криминалната власт на СДСМ не беше способна да ги реализира мерките од третиот пакет за да им се помогне на граѓаните. Затоа поради нивната неспособност од почеток на пандемија до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без приходи. Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со КОВИД-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат, се наведува во соопштението на партијата.

-Поради нивната неспособност Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%. Зоран Заев и неговата Влада ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој над 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%. СДСМ и Заев и не се решение на проблемите. Тие  не се борат против криминалот, тие го прават криминалот во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста