ВМРО-ДПМНЕ објави уште 10 имиња за градоначалници, Шилегов остро ги нападна против кандидатите

Митко Јанчев за Кавадарци, Борчо Коцев за Зрновци, Билјана Проеска за Крушево – ВМРО-ДПМНЕ објави уште десет имиња со кои влегуваат во изборна трка за освојување на локалната власт. Извршниот одбор на партијата одлучил да им ја додели довербата и на Јован Тозиевски за Ресен, за општина Ранковце Борче Спасовски. Кандидат за градоначалник за општина Делчево е предложен Николчо Стојменовски. Ѓорѓе Божинов влегува во изборна трка за Ново Село. ВМРО-ДПМНЕ на избори во Василево излегува со Славе Андонов. За мандат во Дебарца партијата доверба му дава на Сашо Силјаноски. Кандидат за градоначалник на општина Кратово, Тодорчо Николовски предложен од Социјалистичката партија.

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја поддржи Данела Арсовска за Скопје, која собра потписи како независен кандидат која влегува во изборната трка за локалната власт во главниот град. иако кампањата се уште не е почната Арсовска веќе е на мета за навреди од политичките опоненти.

Актуелниот градоначалник на Скопје  и кандидат за уште еден мандат, Петре Шилегов не ја пропушта приликата и за остро да ги нападне противкандидатите. Особено на денешниот настан не штедеше критики за Арсовска.

Во трка за градската фотеља за Скопје влегуваат засега шест кандидати. Покрај Арсовска и Шилегов, како независни кандидати влегуваат и поранешна директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска како кандидатката на активистичката коалиција „Зелен хуман град“. во трката за градоначалник влегува и адвокатот од партијата „Твоја“, Александар Тортевски. И поранешниот пратеник  на НСДП Љубомир Јосифовски, настапува како независен кандидат, предложен од група граѓани.

Својата кандидатура ја објави и Петар Георгиевски Камиказа кој на избори излегува подржан од Левица.

Иако официјалниот старт на кампањата започнува за помалку од еден месец, кандидатите кои влегуваат во изборната трка секојдневно се на средби со граѓаните, а актуелните градоначалници кои добиле нова шанса за изборна трка си ги користат позициите па во очи избори промовираат и бројни градежни проекти кои изостанаа претходните години.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста