ВМРО-ДПМНЕ објави список од 25 лица вработени во СЈО по линии на непотизам

СЈО – институција за вработување на роднините и пријателите на паднатите Чарлиеви ангели, и останатите обвинители во веќе згаснатата институција?

Братучеди, внуци, кумови, кумашини, снаи, зетовци – опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објави листа од 25 имиња вработени во СЈО по линии на непотизам.

Според, партијата услов за вработување било доколку кандидатот е роднина или близок на некој од обвинителите,роднина на функционер на СДСМ или со добиена партиска препорака, или пак ако е дете на судија или обвинител кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ и СЈО.

Обвинителот Гаврил Бубевски си ги вработил првите братучеди Ефтимија и Љупчо Чучурски, Ленче Ристовска првата братучетка Андријана Ристоска, притворената Катица Јанева, си го вработила внукот Ѓорге Делиџаков како економски приправник, но и девојката на син и Лазар тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

На списокот што го објави партијата стои и дека плата од СЈО си земал и Петре Бошков, зет за братучетка на министерката Рената Десковска, синот на врховната судијка, Лидија Неделкова, ќерката на директорот на затворот „Шутка“, Есад Рахиќ, ќерката на поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, синот на обвинителката Мира Ангелеска, ќерката на членот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериов.

Ова обвинителство вдомило и роднини на судии, на кандидати за пратеници од СДСМ, на директори и советници од владејачката партија.
Јанева од функција на шеф на СЈО и самата призна дека имало роднински врски кај нив во обвинителството, но не гледаше проблем во тоа, оти тие биле на определено време.

Пред само неколку дена стручниот, административниот и помошно-техничкиот персонал, меѓу кои има и имиња на роднините и пријателите на обвинителите вработени во СЈО, со латинската фраза „нека победи правдата, макар и светот да пропадне“, побараа преку писмо помош од премиерот Зоран Заев, министерката за правда Рената Дескоска, претседателот Стево Пендаровски и амбасадорите на Европската Унија, САД и Холандија во кое бараат спас. Сакаат помош од странските фактори да се реши нивниот работен ангажман, откако ќе згасне нивното обвинителство.

Мери Ѓорѓиевска