ВМРО-ДПМНЕ: Ниту 100 обраќања и глумења патриот не го бришаат предавството на Заев и рушењето на позициите со Бугарија

Ниту 100 обараќања и глумење на патриот на Заев нема да го сменат фактот дека тој трајно ги наруши позициите на Македонија во однос на Бугарија. Зоран Заев сосема кусогледо и нереационално на маса ги стави придавката „македонски“ и историјата. Нема да биде македонска влада, македонска историја, се зборови кои сам Заев ги изговори во интервјуто за БГНЕС, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Зоран Заев јавно, на интервју, кажал дека е спремен да се откаже од идентитетот.

-Заев цел процес на преговори немаше црвени линии. Заев ги продаде револуционерите како Гоце Делчев и партизаните. Дури откако народот се крена и излезе на улиците Заев ретерираше, но тоа што го направи, со самиот факт што на маса стави работи за кои не се преговара се непоправливи грешки, грешки од историско стратешки димензии. Заев ја минираше Македонија не само сега, туку и за наредните 20 години. Одговорно е да каже Заев сега која е алтернативата зошто не е оправдување да чекаме да поминат изборите во Бугарија. Тоа не е аргумент, тукј неспособност на Заев за решение. Македонија е изгазена од Заев и ниту 100 обраќања и глумење патриот нема да го спасат од судот на историјата, а народниот суд кој ќе дојде на избори ќе му го покаже патот до таму, посочуваат од партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста