ВМРО-ДПМНЕ: Не сите пратеници што гласаа доверба на владата вчера, тоа ќе го направат пак

Костадинов само го пресликува стравот на Заев. Вчерашното себедокажување беше со цел да се сокрие стравот и разнишаноста на владата. Заев игра по нотите на ВМРО, и мораше да се тестира. Падот на владата нема да го запре. И тој самиот знае дека има пратеници кои не му се сигурни, и не му изразуваат лојалност каква што сака тој,  стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев знае дека сите што го гласале вчера тоа нема да го направат по втор пат. Заев е уплашен и затоа во паника прави непромислени чекори. Власта која ја ужива моментално, наскоро ќе биде само едно минато за него.Граѓаните се против оваа власт. Времето за одговорност доаѓа, посочуваат од партијата.