ВМРО-ДПМНЕ не очекуваат одложување на изборите – само Заев ја форсира оваа тема, свесен дека ќе биде поразен

Ќе доведе ли лошата епидемиолошката слика со корона кризата до одложување на локалните избори наесен? Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта се соочува со фијаско, а одложувањето на изборниот процес е тема која ја форсираат само СДСМ и Зоран Заев. Според потпретседателот на партијата Александар Николовски, токму немањето стратегија кај власта што повеќе од една година не се справуваат со корона кризата е причина плус да се излезе на избори.

За изборите на есен ВМРО-ДПМНЕ веќе договори коалиција со Алијанса на Албанците, но официјализирањето на соработката ќе ја објават во следните 7 дена. Во меѓувреме се уште траеле и консултациите за името со кој партијата ќе трча изборната трка за градоначалник на главниот град.

Но не само изборите, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и доведувањето во прашање на пописот е само желба на власта. Причината вели Николовски што нема доволен број на попишувачи е заслуга на СДСМ бидејќи првичните огласи како што вели, наместо од статистика биле објавени во партиските штабови, па оттука според Николовски е стравот на граѓаните дека доколку аплицираат без партиска книшка нема да бидат избрани.

Николовски кој од скопска Автокоманда го промовираше кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Гази Баба, го обвини актуелниот градоначалник дека не се откажува од идејата во Деталниот урбанистички план, кој што би одел од фабриката Железара во продолжение, таму да се развие тешко загадувачка индустрија. Дополнителоно, Николовски предупредува дека градоначалникот потпишал договор со косовска фирма за изградба на станбена и деловна зграда на местото каде сега се наоѓаат просториите на општината.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста