ВМРО-ДПМНЕ: Наместо интригантските игри на „Мериот“ коалицијата која им служи на интересите на Заев, за ВМРО-ДПМНЕ поважна е борбата против катастрофалното управување на државата

дна помала група на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои наместо да се фокусираат на борбата против Зоран Заев, одбраа да служат на неговите интереси и денес кога уште не е изгласана новата Влада на Заев, со стари и компромитирани транзициски кадри побараа нов конгрес и дадоа изјава пред седиштето на партијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека во насока на транспарентноста тие веднаш беа поканети на средба со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството, при што тие за жал не изразија подготвеност за отворена и конструктивна средба бидејќи немале таква насока.

-ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ е организирана и демократска партија, при што истите ги повикуваме нивната иницијатива да ја достават до партијата и таа ќе биде разгледана од Централниот Комитет на партијата. За ВМРО-ДПМНЕ наместо интригантските игри на „Мериот“ коалицијата која им служи на интересите на Заев, поважна е борбата против катастрофалното управување на државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и подвлекуваат:

„Тоа е главниот приоритет за партијата и ВМРО-ДПМНЕ и во иднина нема да се занимаваме со нивната намена да ја ослабат партијата и да помогнат на партијата на власт.“

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста