ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија потребен и е претседател со интегритет

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија потребен и е претседател со интегритет

На денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ на конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, насловена ,,Важно е! Лидерство што носи промени” свое обраќање имаше Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека на Македонија и е потребен претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите.

„Во однос на карактеристики и принципи кои треба да ја дефинираат идеалната слика на претседател на државата за ефективно да се заштитат стратешките интереси најпрво треба да се запрашаме што значи да си претседател која е идеалната слика за претседател и кои се стратешките интереси на Македонија. Кога размислуваме за тоа каква е идеалната слика размислуваме и кои се тие вредности кои што пред се треба една личност да ги исполнува за да биде претседател на државата. Во овие изминати пет години ние имавме претседател чија што функција можеме да кажеме дека беше чисто протоколарна. Тој беше таму за да биде само таму или можеме да кажеме дека имавме претседател на државата бидејќи само преку устав беше предвидено одредена личност да биде носител на таа функција. Бевме сведоци дека станува збор на човек кој што имаме целосно отсуство и на интегритет и на било какви вистински вредности. Ова го велам затоа што нашето ткиво нашата држава нашите институции буквално се распаѓаат. Во раководството на државата моментално го имаме Пендаровски и од друга страна двоецот СДС и ДУИ, Ковачевски и Ахмети тоа не се луѓе кои што ги имаат вредностите кои што сите ние и нашите граѓани ги посакуваме. Го немаат интегритетот и лидерството за да ја водат државата. Се што е антипод на ова што досега го кажав е идеалната слика за претседател на државата“ нагласи Јанушев.

Јанушев посочи дека на Македонија и е потребен претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите.

„ Ни треба претседател кој што ќе работи на исполнување на стратешките интереси на државата. Тоа значи дека ќе ги превземе сите потребни чекори, сите потребни активности за целосна интеграција во интегративниот процес на пристап кон ЕУ но притоа да ја штити посебноста и уникатноста на македонскиот народ и држава. Идеалната слика не е само да имаме претседател кој што ќе биде политичка фигура туку претседател со интегритет, лидер кој ќе овозможи промени и напредок, потребно ни е лидерство, потребна ни е храброст и потребен ни е претседател кој ќе работи неуморно за да се изгради подобра иднина за сите“ истакна Јанушев.

На панел дискусијата се обрати и пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска. Таа посочи дека традицијата од владеењето на Стево Пендаровски никако не смее да е продолжена од идниот претседател на Република Македонија.

„Традиција значи  и да се наследи нешто што било добро. Во конкретниов случај бидејќи зборуваме за денешната конвенција на која треба да го избереме нашиот кандидат за иден претседател на Република Македонија јас сметам дека кандидатот единствено што треба да направи е да не ги продолжи традициите односно практиките на актуелниот претседател на Република Македонија бидејќи за жал изминатите 5 години сметам дека Македонија имаше претседател мумија, претседател кој воопшто не реагираше кога на народот тоа му беше потребно“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска на денешната панел дискусија „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси“.

Таа продолжи и додаде дека владеењето на Стево Пендаровски треба да е запаметено по пет годишно лошо владеење со државата.

„Имавме претседател кој ветуваше дека поедини законски решенија кои прошле низ парламентот нема да ги потпише, претседател кој се огради од тоа дека Гоце Делчев е Македонец, претседател кој велеше дека поим немал од содржината на францускиот протокол за да после многу кус период сведочи дека учествувал во неговото креирање. Затоа велам дека традицијата на владеењето на Стево Пендаровски со оваа држава никако не смее да се продолжи. Едноставно треба да биде запаметена како пет годишно лошо владеење со државата која никако не смее да стане наша традиција и пракса на идниот претседател на Република Македонија“, кажа Стојаноска.

Таа продолжи и додаде дека во традицијата на Стево Пендаровски имало апсења на уставобранители и предавства.

„Традицијата на владеењето на Стево Пендаровски како претседател на Република Македонија треба само да ја запаметиме како лошо владеење и ништо повеќе бидејќи нивната традиција значеше да ги продолжат апсењата на уставобранители, членови на семејството Ченто да бидат во денешно време во затвор, да се случуваат предавства на сопствениот народ, затворања на македонски фирми и гиганти. Затоа сето тоа не смееме да го повториме“, кажа Стојаноска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста