ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев тоне секој ден во секој поглед, над 12.000 заразени и пропадната банка

Македонија тоне со Зоран Заев секој ден во секој поглед. Бројот на заразени од корона надмина 12 илјади лица, 6 пати повеќе од прогнозите на Филипче. Но неспособната власт на Заев покажа дека не само што не умеат да се справат со здравствениот аспект од корона кризата, туку не умеат да се справат ниту со економската криза. Македонија е единствена земја во регионот во која пропаѓа банка исто како што сме единствени на врвот по заразени и починати на еден милион жители, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ОД партијата нагласуваат дека ова е директен удар и врз банкарскиот сектор, стопанството, стандардот на граѓаните и економскиот систем во целина.

-Сега после изборите народот ја гледа сметката од неспособното владеење на Заев. Сега граѓаните плаќаат 7,5% повисоки сметки за струја, сега пропаѓа банка, сега цената за откуп на грозје е катастрофална, сега излезе на виделина дека долгот пораснал за 1 милијарда евра за три месеци. Сега Македонија е меѓународна опасност за ширење на корона вирусот, сега се кажува дека немаат конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси кои ги донесе власта на Заев. Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане, се наведува во соопштението на партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста