ВМРО – ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за мандатот на Заев

ВМРО ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката со која Претседателот Стево Пендаровски, на Зоран Заев му го додели мандатот за формирање Влада.

Какло што велат извори од ВМРО ДПМНЕ, постои сериозна повреда на Уставот затоа што мандатот е доделен без доказ за поседување на парламентарно мнозинство.

Во овој момент мандатот е узурпиран од пратеникот Зоран Заев, кој нема мнозинство, а чекорот со кој Пендаровски направи повреда на Уставот е за купување на време, за давање простор за непринципиелно купување на пратеници. Кога Уставот е повреден Уставниот суд е должен да го заштити и од тој аспект веќе сериозно се разгледува опцијата за преставка до Уставниот суд за таквата одлука на Пендаровски – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму информираат дека правниците од партијата веќе почнале со составување на преставката.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста