ВМРО-ДПМНЕ: Kаде завршија парите за набавката на противпожарното возило или во чии џебови се ставени?

Каде завршиле милион евра разлика од реалната цена наменети за набавка на противпожарна скала која ја купува Градот Скопје. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов потрошил дури 1.700.000 евра за противпожарно возило со скала, во зделка во која е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје.  Она што е симптоматично е што скалата е произведена од истиот производител како и скалата која ја купил градот Загреб по двојно пониска цена, или приближно 800 илјади евра.

Шилегов пак се брани, иако на тендерот за набавка на скалата се пријавила само една фирма , за која од опозицијата велат дека е поврзана со близок соработника на градоначалникот, целата постапка била транспарентна.

И додека Шилегов набавува скала со двојно повисока цена, пожарникарите се мачат со возила стари и по неколку децении. Командантот на пожарникарите Симоновски признава дека заедно со набавката на противпожарната скала биле побарани и три возила кои не се одобрени.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и по овој скандал залудни се обидите на Шилегов да се правда дека возилото кое тој го набавил има дополнителна опрема и затоа е поскапо. Опозицијата бара Антикорупциска и Обвинителство да го испитаат случајот и да отворат постапка за набавката на противпожарното возило со скала за која е потрошено висока сума на пари.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста