ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата за случајот „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана

Истрагата за случајот „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.

„На ден 22 јуни 2017-тата година Фросина Ременски, беше промовирана како почесен претседател на Меѓународниот сојуз. На истата таа промоција истата Фросина Ременски рече, цитирам: „Јас ќе ја искористам максимално функцијата во лобирање и влијание итн“ изјави партискиот портпарол Димче Арсовски.

„Прашањето на кое не одговори денес Фросина Ременски е следното: за што ја искористила својата функција Фросина Ременски изминативе две години како потпретседател на Собрание на Република Македонија и потпретседател на СДСМ, а во насока на влијание и лобирање за потребите на „Меѓународен сојуз“? За што влијаела и за што лобирала онаму каде што можела? Гледаме дека стратегиите и проектите на Боки 13 со сите инволвирани во Меѓународниот сојуз биле со единствена намера да рекетираат“ вели Арсовски.