ВМРО-ДПМНЕ има предност од скоро 9 отсто пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ужива поголема доверба кај граѓаните во однос на СДСМ за дури 9 %, покажало најновото истражување на јавното мислење спроведено од Агенцијата ИПСОС за потребите на партијата.

Дури 21% од испитаниците одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори и на тие избори би се кандидирале само партии, а не коалиции. На истово прашање поддршката за СДСМ била помала или само 12.5%.

Ако во ноември 57 отсто од испитаниците сметале дека државата се движи во погрешна насока, во декември бројот се зголемува и дури 60 проценти сметаат дека Македонија со ова раководство не оди кон добро.

По политичката криза која трае цела година, но и се поочигледната економска криза најзначајни проблеми за граѓаните се финансиите или економијата е проблем за 17 отсто. Малите плати се високо на листата проблеми односно 13%. На трето место е невработеноста со 10 отсто.

Анкетата е спроведена теренски во периодот од 06 до 20.12.2021 година врз 1023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста