ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бараат консензус за заштита на националните интереси- ќе прифати ли власта?!

Национален и општествен консензус со црвени линии за заштита на македонскиот јазик, идентитет и национални интереси, побара лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе предложи резолуција во која ќе бдат дефинирани македонските позиции во преговорите со Бугарија. Како што вели Мицкоски оваа резолуција би имала обврзувачко дејство, согласно волјата на пратениците во Собранието, а за Владата би значело рамка во која таа смее да разговара, со почитување на црвените линии за националните и државните интереси.

-Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидости имаат свој просторен и свој временски континуитет. Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот. Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност, изјави Мицкоски.

Желбата на опозицијата за општествен консензус за заштита на националните интереси на Македонија, за владејачката СДСМ пак било популизам. Во моменти кога се откриваат документи со кои власта е подготвена на капитулација кога е во прашање македонскиот јазик, односно дека тој бил кодифициран во 1945 година, социјалдемократите велат македонскиот јазик и идентитет биле потврдени и признаени од целиот свет, иако сепак факт е дека истиот го оспорува токму источниот сосед, а и добивме пораки од Португалија дека сме говореле северномакедонски јазик, за што подоцна се дообјаснуваа дека било лапсус.

-Не се потребни никакви резолуции, никакви заклучоци. Очигледно само на Христијан Мицкоски не му е јасно кои се македонските идентитетски линии па затоа настапува со популистички барања. Таквиот неискрен и нечесен однос кон државните и национални интереси одново ќе го чини пораз од граѓаните, велат од СДСМ.

За ваквиот став на СДСМ, Мицкоски вели оваа резолуција е производ на највисоките научни институции во Македонија, а потребно е да стане натпартиски документ за сите.

-Да го поддржиме овој документ заеднички во Собранието, кој што потврдувам треба да биде натпартиски, кој што треба да добие општествена поддршка. И истиот овој документ е производ на МАНУ и најстариот Универзитет УКИМ, а поддржан од МПЦ-ОА, вели Мицкоски.

Мицкоски порачува дека е подготвен за дебата, за заедничка размена на мислења, но она што е најважно е да се испрати заедничка порака дека македонскиот идентитет, јазик и историјата е наше право, наша обврска која ќе ја штитиме заеднички.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста