ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса ги повлекоа амандманите, се отвора патот за петтиот пакет економски мерки и Законот за државјанство

Се отвара патот за изгласување на петтиот пакет мерки за граѓаните и стопанството и законот за државјанство.ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса одлучија да ги повлечат амандаманите. Најголемата опозициска партија прва повлече потег. Сепак очекува да им биде доставено на увид новото решение за државјанствата кое ќе  го договорат СДСМ, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

“Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој се наоѓа земјата, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство, со цел конечно да се изгласа петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и на стопанството, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

И од партијата на Села најавија дека ќе ги одблокираат мерките од кои бенефит очекуваат голем број граѓани и компании.

“Штом ќе се повлечат амандманите кои го блокираа законот за државјанство и ние ќе ги повлекуваме нашите амандмани за петтиот економски пакет. Во моментот кога ќе бидат повлечени амандманите за државјанство, во тој момент ќе ги повлечеме и амандманите за петтиот економски пакет”, изјави Илми Азири од Алијанса за Албанците.

Од СДСМ преку соопштение излегоа со став дека притисокот од јавноста вродил со плод и затоа опозицијата се одлучила за деблокада на обранието. Левица пак ги демантира информациите дека и тие како и ВМРО-ДПМЕ го блокирале законот за државјанства. Нивните амандмани како што велат од партијата се однесуваат на Законот за лични карти.

Повлекувањето на амандманите се случи само еден ден по средбата Заев-Села-Гаши во собранието. До Петок по анализите во министерството за внатрешни работи треба да биде позната содржината на законот усогласен од тројцата лидери.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста