ВМРО-ДПМНЕ: Го сака Хамас, се поклонува на Хоџа, крши во Собрание за Деловник а молчи за Онкологија и француски предлог

ВМРО-ДПМНЕ: Го сака Хамас, се поклонува на Хоџа, крши во Собрание за Деловник а молчи за Онкологија и француски предлог

Коалицискиот спаринг партнер на СДС и ДУИ, Левица и Димитар Апасиев го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, го крши Собранието за Деловник, а молчи за Онкологија и француски предлог, како и за законите на ДУИ за игри на среќа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во најновото соопштение, и тврдат дека инцидентот во Собранието е договорено сценарио на Левица со ДУИ И СДСМ.

„Театарската изведба на Левица во Собранието е договорено сценарио меѓу ДУИ и СДС, за стимулирање на конфликти од кои ДУИ и Левица би добиле актуелност. А, за тоа како изгледа кога Левица води институции најдобро сведочи хаосот во Градот Скопје и институциите чии директори на Левица активно учествуваат во лудилото на Арсовска. Како мал пример говори фактот што директорот од Левица на Културно информативниот центар не ја употребил опремата од Универзална сала, туку изнајмувал опрема од приватна фирма од Мала Речица. Договорите со Мала Речица се приоритет за Левица. Од друга страна Апасиев е подготвен да се саморазнесе зошто во ноември има студ и ладно време, но молчи за „Бехтел и Енка“, левичарите на Енвер Хоџа молчат за барањата на синдикатите и законите ма ДУИ за игри на среќа. Таквото фолиранство е само покритие за малодушноста на Левица и валканите договори со ДУИ и СДС“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста