ВМРО-ДПМНЕ донираше заштитни средства во МВР

Денес во Министерството за внатрешни примив донација од заштитни средства и опрема од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, а наменета за полициски службеници.

-Изразив благодарност за овој гест од нивна страна и за фактот дека тие одвоиле дел од своите приходи за донација за полициските службеници кои од првиот ден се во првите линии во справување со коронавирусот. Апелирам до полициските службеници и до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото здравје. Полициските службеници како и до сега, така и во иднина ќе ги преземаат сите мерки во насока на соодветно спроведување на одлуките на Владата. Фејсбук статус на техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста