ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заеви се богатат и извлекуваат пари од пропаднати банки, Македонија се претвори во европски Вухан

 “Во едно деноноќие има 160 новозаразени и 3 починати. Со овие бројки Македонија и понатаму е црн рекордер во регионот на починати и зарзени лица на еден милион жители. Бројот на вкупно заразени е над 12.500 лица што е 6 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Ова покажува колку лошо се менаџира здравствената криза која не е само македонски проблем, туку за жал станува и регионален и европски проблем. Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа.” – велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.


Од партијата тврдат дека освен здравствената лошо се менаџира и економската криза. Станавме единствена земја во регионот на која и банкротира банка во време на кризата.


Поради неспособноста и неодговорноста Заев ја задолжи земјата и за милијарда евра нов долг во рок од само три месеци, а министерката Ангеловска наместо да се грижи за народните пари се грижела само како навреме да ги извлече заштедите од 250 илјади евра од Еуростандард банка.
Се дури Македонија ја води екипата на Заев на која побитно и е личното богатење наместо државата и народот, до тогаш ќе тоне народот во сиромаштија, потенцираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста