ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола ќе ја промовира програмата „Проект обнова“

Денеска во 13 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата насловена Проект “Обнова” – се обврзуваме! Промоцијата ќе биде во Битола, (пред Домот на културата), а од нејзе ќе бидат презентирани најважните делови и поенти од планот за обнова.

Програмата содржи над 1000 проекти, а главниот фокус ќе биде економијата и подигнување на животниот стандард. Економски бум за повеќе пари и подобар живот, влевање на надеж дека може поинаку и подобро. Над 340 страници материјал со прецизни рокови кон кои се обврзува ВМРО-ДПМНЕ за обнова која ќе ја исправи Македонија.

Поврзани вести