ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот организира протест против поскапување на струјата

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи нов протест против поскапувањето на електричната енергија.

Како што информираат од политичката партија, протестот ќе започне во 18 часот од Спортскиот центар „Јане Сандански“ со возила до Регулаторна комисија за енергетика.

Од партијата апелираат на почитување на мерките за заштита од Ковид-19, со носење лична заштитна опрема.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста