ВМРО-ДПМНЕ денеска на улица: Протест за Гоце Делчев и за Македонија

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ денеска ќе организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев.  Најавено е дека протестот ќе почне вечер во 18.30 часот од пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

– Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев со нашиот источен сосед. Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци. Во меѓувреме нема никакво поместување на патот кон Европската Унија. Европската Унија останува уште едно неостварено ветување на Зоран Заев и неговата власт. Не чувме идеја, ниту план, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.

Опозициската партија најави повеќе протести во следниот период. Претходните два протести беа организирани против поскапувањето на струјата.

-Гоце Делчев беше човек што обединуваше, којшто имаше визија. Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, врз основа на тоа минато ќе ја градиме иднината, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, напиша Христијан Мицкоски во вчерашната фејсбук објава.

„Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Ние се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава, Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори.“ – потенцираше Мицкоски

https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=598381227500490
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста