ВМРО-ДПМНЕ: Бислимовски бил член на партиските тела, Заев кршејќи закон го ставил на чело на Регулаторна да поскапува струја

Марко Бислимовски не е независен и професионален, тој е партиски функционер на СДСМ, кој ги исполнува барањата и желбите на Зоран Заев. Марко Бислимовски во 2011 година бил избран за член на Економско – Социјалниот Совет на СДСМ, партиски орган и комисија. Бислимовски е партиско лице, и од таму не може да биде независен експерт кој ќе ги претставува граѓаните, туку партиски функционер кој се грижи за бизнис интересите на Заеви, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Марко Бислимовски го крши законот за енергетика и чл. 17 ст. 5 од истиот, кој е дециден дека Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика не смее да биде функционер во политичка партија. Марко Бислимовски е функционер во политичка партија. Самото именување на Марко Бислимовски за Претседател на РКЕ е кршење на Законот за енергетика. И тука одговорност сноси предлагачот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие тврдат дека Марко Бислимовски е незаконски претседател на РКЕ. Според чл.19 ст.6 т.2 од Законот за енергетика кој вели дека на Претседателот на РКЕ може да биде разрешен доколку извршил повреда на обврските за непристрасност и независност. Бислимовски тоа го направил, со самиот факт што е член на партиски орган и со тоа партиски функционер.

-Бислимовски е старото лице на СДСМ. Партиски функционери кои се продаваат за независни експерти, а работат исклучиво за свој џеб на штета на народот. Заев и СДСМ не се решение за проблемот тие се проблемот. Заев и СДСМ мора да паднат, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста