ВМРО – ДПМНЕ бара распустот на учениците да започне на 15 декември

Состојбата во училиштата станува загрижувачка. Околку 70 ученици и повеќе од 170 наставници се позитивни на корона вирусот. Голема е бројката и на оние кои се во само излоација, повеќе од 1000 наставници и ученици имале контакт со позитивен на корона па се изолирани дома . И покрај загрижувачките бројки надлежните уверуваат дека состојбата ја држеле под конторола и не голедаат причина учениците порано од предвиденото да заминат на зимски распуст .  Од вмро-дпмне денеска предупредија дека во исчекување на пикот на пандемијата зимскиот распуст треба да започне на 15 декември и да трае до 21 јануари.

Поради сѐ ова и поради она што не се очекува, односно стивнување на епидемијата во скоро време, предлагаме, зимскиот распуст да започне од 15 декември 2020, а да заврши на 21.01.2021, ден понеделник. Така, учениците и наставниците би го избегнале пикот на епидемијата, кој нема веќе реден број, а министерката ќе има време  и да го слушне гласот на наставниот кадар, родителите и учениците и да конечно да преземе нешто – вели Весна Јаневска од ВМРО – ДПМНЕ.

Министерката за образование Мила Царовска пак, смета дека нема потреба од предвремен распуст. Изјави дека распустот ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието, исто како и минатите години.

Од ВМРО ДПМНЕ алармираат дека се криеле бројки на заразени наставници и директори, скоро и да не се издаваат решенија за само изолација, а позадината на сето тоа е образовниот процес по секоја цена да изгледа успешен.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста