ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче: 4150 починати лица, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево

Со црни ленти фрлени пред Министерството за здравство, младите од ВМРО-ДПМНЕ им одддадоа почит на жртвите од Ковид 19, за кои како што велат ја изгубиле битката со болеста поради неспособноста на власта да обезбеди вакцини и достоинствена здравствена заштита. Порабаа оставка од министерот за здравство поради лошиот менаџмент на кризата која остави над 4100 семејства завиени во црно, а Македнија ја смести на врвот по смртност во светот, надминувајќи ги Италија, Бразил И САД.

„4150 мртви е бројка која покажува највисока смртност во свет. За жал веќе се повеќе млади починуваат од Ковид 19. Најмладиот починат имаше само 19 години, пред тоа 22, пред тоа 24, пред тоа 29. Веќе пандемијата не е опасна само за возрасните лица и ризичните групи на граѓани. Нефункционалноста на здравствениот систем, коруптивноста, незаинтересираноста и непосветеноста на властите, не донесе до ниво да секојдневно ни умираат педесетина луѓе, изјави Сергеј Попов од Унија на млади сили.

Пратениците од опозицијата, од протестот, ги прашаа властите, дали поважни им се провизиите, хеликоптертите и скапите мотори, наместо човечките животи и здравјето на граѓаните, кои секојдневно молат за прием во болниците и ја губат битката со болеста затоа што не можат да си дозволат да платат за болнички кревет?

„Можеме да видиме секој ден по социјалните медиуми дека некој бара помош за да се лекува, да се собираат донации, луѓето се почесто ни кажуваат дека не сакаат да ги отворат социјалните медиуми заради тоа што личат на некролози. Приморани сме поради овие неспособни луѓе секој ден да се збогуваме од наши блиски роднини и пријатели“, нагласи пратеникот Бојан Стојаноски.
„Ефикасни сте министре единствено во пребројување на починатите, Континуирана е единствено Вашата борба за ПРОВИЗИИ, А ПРАВИЧНИ СТЕ во дискриминацијата, оној кој ќе се јави за кревет и ќе плати може и ќе преживее. Од вашето присподобување видовме само ходници полни со пациенти, чекање еден да почине за на друг да му биде дадена боцата со кислород, медицинските лица сами да купуваат опрема и да работат до исцрпување, роднините на пациентите сами да се нудат да им дадат голтка вода“, порача пратеничката Ели Панова.

Протестот под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“ заврши со фрлање на стотица балони со вода кон зградата на министерството, во знак на револт од актуелните политики на власта, која како што велат наместо да воси грижа за секој човечки живот, се фали со донирани вакцини.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста