ВМРО ДПМНЕ бара одговори за преговорите со Бугарија, Османи тврди дека идентитетот не е тема

Одговорите на македонската влада до официјална Софија за деблокада на интеграциите се чуваат како државна тајна. Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ниту пред пратениците не открива за што се договараат со бугарските челници, а уште помалку на какви отстапки е подготвена македонската страна. Се правда дека во оваа фаза испратените документи биле само нонпејпери и не се преговара за идентитетските прашања, ама призна дека апетитите на бугарски групации сепак го барале да се стави на маса.

Претседателот на комисијата за надворешни работи Антонијо Милошоски му возврати на Османи дека национален консензус не се гради на позиции кои не се откриваа пред јавноста. Му порача дека тенка е линијата помеѓу разговори и преговори.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски од говорницата во Парламентот потсети дека поранешните премиери на двете држави Заев И борисов  имале договор кој бил комплетно еднонасочен на штета на македонските интереси. Николовски велио дека ветувањата за добивање датум во јануари се докажаа како лажни.

Бурната дебата во собраниската комисија за момент доби и етнички предзнак,откако опозицијата го обвини Османи дека власта нанесува штета на сите македонци потпишувајќи штетни договори со соседите, на што реплицираа и од ДУИ дека се шири говор на омраза.

На следниот состанок на Комисијата Милошоски инсистира Османи да образложи се што се преговара со Бугарија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста