ВМРО ДПМНЕ бара ЈО да покрене постапка за случајот со ДУП-от во Тетово

Да не се молчи пред скандалот и ЈО да отвори случај за ДУП-от вреден 200 милиони евра, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ,која ја обелодени аферата.Одговорност велат,мора да има- за Драги Рашкоски, Зоран Заев, Зоран Милески-Кичеец и сите инволвирани во овој криминален милионски бизнис .

-Јо не смее да го премолчува очигледниот криминал.Се што слушнавем дека Зоран Милески кичеец вети,сега е реализирано.За истата работа,кичеец му организирал средби на Дака со Драги Рашкоски, тогашен секретар на Владата и Зоран Заев.Постапката за добивање согласност е истуркана за само седум дена.Сетоа ова индицира на криминал.ЈО мора да го испита случајот и да покрене постапка, изјави Александар Велјаноски-Пратеник на ВМРО ДПМНЕ

И додека меѓу експертите се повеќе се зборува за ДУП-от кој и тоа како урбанистички ќе го оптовари Тетово, локалните власти никаде ги нема.

Веќе неколку денови по обелоденувањето на аферата со ДУП-от вреден 200 милиони евра,тетовските локални власти и натаму молчат.И покрај упорното барање на градоначалничката Теута Арифи, таа е недостапна за изјава.

Новото бетонирање на Тетово ќе биде на површина од  230 илјади квадратни метри.Дури 140 илјади се предвидени за неколку висококатници со 2000 станови, а околу 80 000  м2 за деловни објекти.Овој огромен комплекс треба да никне на поранешниот простор на Шик Јелак. Сопственик на објектите и земјиштето на кое ќе се гради, е контроверзниот црногорски бизнисмен, Миодраг Дака Давидовиќ,познат на јавноста од аудио бомбите кои ги пушти опозициската ВМРО ДПМНЕ пред изборите.

Милена Вучевска