ВМРО-ДПМНЕ: амнестијата не е ни услов ни предуслов за ДИК – власта манипулира

Амнестијата не е на маса, не е ниту услов ниту предуслов, премиерот манипулира вели за Алфа генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев. Зошто Заев упорно повторува дека амнестијата нема да се дозволи?

Ставот пак на премиерот е дека нема да има компромиси за стратешките цели, нагласувајќи оти амнестија не доаѓа в предвид.

Во меѓувреме ВМРО ДПМНЕ со соопштение прецизираше дека нивните барања се  веќе договорените концепти со власта: за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори. Ваков заклучок бил донесен на синоќешниот Извршен комитет. За партијата е и недозволиво повеќесмислено и нејасно референдумско прашање. Мора да се почитува она што го предвидува законот а тоа е недвосмислени прашања.

 

Александра Овчарска